Предности на GLOBSALDO Taxi

Што е GLOBSALDO Taxi?


GLOBSALDO Taxi претставува интегриран за управување на флота од возила. Системот ќе Ви овозможи оптимално управување на диспечерскиот систем, зголемување на приходите преку намалување на оперативните трошоци …
Повеќе

GLOBSALDO Taxi Функции на диспечерот


  • Адресен модел
  • Кориснички информации
  • Интуитивен кориснички интерфејс

Повеќе


GLOBSALDO Taxi Aвтоматизирани процеси


  • Нарачки кои чекаат
  • Закажување
  • Служење на повеќе такси компании
  • Повторливи закажувања
  • Организација на такси станиците
  • Користење на зоните

Повеќе


Кои се предностите на GLOBSADO Taxi сервисот?


Зголемена оперативна ефикасност

GLOBSALDO Такси ја подобрува ефикасноста на диспечерскиот центар, а сето тоа придонесува за зголемена добивка по поминат километар.Со употребата на GLOBSALDO Такси пристигнатите нарачки веднаш се препраќаат до најблиското слободно возило. На тој начин крајниот корисник во најкраток можен рок добива потврда за нарачката, а во исто време се овозможува да се услужат и поголем број на корисници. Корисничкиот интерфејс во реално време ги прикажува нарачките, како и состојбата со возниот парк со што се обезбедува ефикасна комуникација и соработка помеѓу корисниците, диспечерите и возачите. Функциите како „Идентификација на корисник“/CLI (идентификација на повикувачки број) се уште една во низата на опции кои ги имаат диспечерите заради забрзување на процесот на обработка на нарачки.

Зголемен капацитет за раст и развој

GLOBSALDO Taxi придонесува за намалување на оперативните трошоци со што директно влијае на развој на капацитетот на компанијата. Ја зголемува добивката бидејќи овозможува да се опслужат повеќе корисници и ја подобрува услугата кон корисниците. Компјутеризираниот диспечерски систем на GLOBSALDO Taxi во голема мерка ја зголемува ефикасноста на комуникацијата, бидејќи овозможува полесна и побрза комуникација со возачите од класичниот систем на радио станица.

Подобрување на работните услови

GLOBSALDO Taxi создава професионална работна средина за возачите и диспечерите, а со тоа се намалува и флуктацијата на вработените. Секоја нарачка системот ја назначува автоматски, согласно претходно внесените критериуми, со што се ослободуваат и диспечерите и возачите од стресната дво-насочна комуникација преку радиостаници.GLOBSALDO Taxi системот во огромна мерка ја подобрува сигурноста на возачите. Исто така, системот го намалува и потребното време и потребните трошоци за обука на новиот персонал.

Зголемено задоволство кај корисниците

GLOBSALDO Taxi обезбедува професионален имиџ на имплементирана врвна технологија, во согласност со денешните барања на пазарот. Системот на автоматска распределба на повици овозможува повикот на корисникот се трансформира во брза и прецизна нарачка на возило.
Редовните корисници на такси услугата можат и самите да ја процесираат својата нарачка за возило, без потреба за интервенција од диспечер, преку мобилен телефон или WEB аплиакција.
Информациите за редовните корисници е ажурна, прецизна и достапна он-лине. Диспечерите и менаџерите можат да ги користат информациите за редовните корисници во секој момент, а можат и да ги ажурираат и со дополнителни податоци.Такси возилата пристигаат до појдовната локација побргу бидејќи GLOBSALDO Taxi системот ја проследува нарачката на возило до најблиското возило или до она кое е најсоодветно за таа нарачка.Вашите корисници ќе бидат секогаш целосно и сигурно услужени и за сите однапред нарачани возења. GLOBSALDO Такси системот нема да ги заборави нарачките направени за подоцна (резервациите). Диспечерите веднаш и во секој момент можат да добијат информации за статусот на нарачката.